Охрид Лоте со 3-1 ја победи аматерската младинска селекција на македонци од Австралија, во пријателска средба одиграна на СРЦ Билјанини Извори. Стрелци на головите за составот на “градежниците“ беа на два пати Толески и еднаш Мурџоски.

За селекцијата на македонските иселеници ова е втора ваква турнеја. Досега одиграа три средби и тоа со Новаци, Могила, Пелистер,а до крајот на престојот во Македонија ќе одиграат мечеви со Металург и Работнички.
М.П.