Охрид Лоте претпре пораз од 2-0 од српскиот Напредак во генералната проба пред стартот на шампионатот. 


По вовоедното испитување на силите, охриѓани одлично парираа во средината, но наместо да ги капитализираат своите прилики , гостите беа тие кои дојдоа во предност. Длабочинската топка одлично ја искористи Антиќ и рутински го совлада голманот на домашните.

По постигнатиот гол, гостите посилно тргнаа кон голот на “градежниците“, а плодот на таквата игра резултираше во финишот на првиот дел кога по лошата интервенција на Краљевски, Миловановиќ по втор пат на мечот ја затресе домашната мрежа.


Во вториот дел гостите имаа повеќе од играта, а охриѓани се закана со удари од далечни, но Стојкоски и Арсовски не ја погодија целта.

Охрид Лоте во првото коло од пролетниот дел му гостува на Ринија во Гостивар.

М.П.