Екипата на Охрид Лоте претрпе пораз во првиот натпревар во предсезоната од албанскиот Елбасан со 4-1. Составот на “градежниците“, настапи во комбиниран тим, се уште не ги започнал подготовките им излезе во пресрет на гостите од Албанија играјќи пријателска средба.

Стрелец на единствениот погодок за охриѓани беше Аце Толески. Охрид Лоте стартот на подготовките за вториот дел од сезоната ќе го имаат кон крајот на месецов.

Подготовките ќе ги реализираат во Охрид, каде и ќе одиграат серија пријателски натпревари со екипи кои ќе се подготвуваат во градот крај Охридското Езеро.

М.П.