Миравци однесе цел плен од гостувањето кај Охрид и ја намали бодовната
разлика на врвот на табелата  на само ден
бод. Гостите во Охрид се радуваа на триумфот од 2-0  постигнат со головите на Штерјов
од пенал и Георгиев во финишот на мечот.


Охридските “црвено-жолти“ имаа иницијатива во првиот дел, кога повеќе се играше
на гостинската половина. Гостите “укотвени“ на својата половина шансата ја чекаа
од контри и полуконтри. Таквата игра им даде плод кога Горбашлиев биеше од
далечина, топката доби невообиачно ефе и заврши во пречката на голманот
Капрически.


Најубавата можност за погодок охридските “градежници“, ја имаа во финишот на
првиот дел, кога по нафрлената топка, Ќелешоски за “сантиметри“ беше пократок и
не успеа да ја забие топката во празната мрежа.

Истата слика на теренот беше се до 60 минута, кога во игра стратегот на
гостите го уфрли Мижоров. Неколку минути подоцна токму овој фудбалер беше
соборен во казнетиот простор по што интернационалецот Мечкароски покажа на
белата точка.

 

По овој гол се растури концепцијата на охриѓани, ситуацијата дополнително
се влоши во 65 минута по стартот на бранителот Митрески над офанзивниот Штерјов,
Мечкароски му покажа директен црвен картон.

Гостите со играч повеќе не дозволија изненадување, а точка на победата
ставија во 86 минута. Георгиев профитираше од комотноста на нововлезениот
Трпески, ја одзеде топката влезе во казнетиот простор и непречен од никого по го
матираше Капрически

М.П.