Охрид Лоте непоразен се враќа од тешкото гостување во Гостивар кај истоимената екипа ремизирајќи 1-1. “Градежниците“ ја прекинаа “црната“ серија од два порази и со првото реми во сезоната го “преживеаа“ Гостивар и го освоија првиот бод во пролетниот дел.


Стрелец на изедначувачкиот погодок за охриѓани беше Бакулески во вториот дел од мечот. После погодокот тимот на “градежниците“ остана со фудбалер помалку, по исклучувањето на “везистот“ Волчески. 

Во вондредната 19-та рунда Охрид Лоте на домашен терен ја пречекува  екипата на Дрита. 

Мх.П.