Охридскиот второлигаш Охрид Лоте забележа огромна победа на гостувањето кај новајлијата Руфеја со 1-0.


До втората победа во низа составот на градежниците ги предводеше Китрозоски кој во 50 минута од мечот ја затресе противничката мрежа. Јунак на средбата беше голманот Капрически, кој покрај серијата одлични интервенции во 70 минута успеа да одбрани и пенал.

Во наредната рунда Охрид Лоте игра на домашен терен против фенерџијата Беласица.

М.П.