Охрид меѓу општините кои добиваат нови комунални возила
03.09.26 12:52
Нови 49 возила и специјализирана опрема за комунална хигиена добиваат Градот Скопје и повеќе општини во земјава, како дел од проектот реализиран со поддршка на Светската банка.
Новите возила денеска беа промовирани од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓеоргиевски.
Вицепремиерот Николоски истакна дека набавката е реализирана преку транспарентен процес, при што од проценетата вредност од 5,5 милиони евра, опремата е набавена за 4,2 милиони евра, со што е остварена заштеда од околу 1,3 милиони евра.
Николоски посочи дека вкупно се набавени 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони цистерни, и 21 мултифункционално возило, кои што треба да помогнат во чистење на улиците.
Во овој проект ќе има возила за градот Скопје, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар, Велес, а се надевам дека со останатите проекти ќе има и за останатите општини, потенцираше заменик претседателот на Владата.
Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ ќе се реализира во сабота, 19 октомври Настанот, велат од Црвен крст Охрид, има широко општествено значење и ќе започ...
Од 2 септември Охрид е побогат за Железарија „Хримар Плус“, ново специјализирано место за професионалните мајстори, но и за сите кои сакаат сами да се погрижат за својот дом Новиот продажен центар ...
На 02092026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.