Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Маврово, Лaзарополе, Битола, Крушево и Охрид. Во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен, во Лазарополе – 45, во Битола и Претор – 32, 30 во Пожаране,28 во Крушево,23 во Охрид и 19 во Дебар.

Нестабилно и врнежливо во Охрид ќе биде и наредните три дена. Особено интензивни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат утре. До петок максималната температур аво Охрид ќе биде 14 степени.

Претежно сончево и потопло ќе биде за време на викендот кога дневната температур аќе биде од 18 до 22 степени.

OhridNews