Интернет страната Телеграф Травел, која постојано ги информира своите читатели за прекрасните топ дестинации кои треба да се посетат низ светот, Охрид го вбројува меѓу 30- те најубави мали градови во Европа.
Изборот на листата со градови е направен од страна на 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и дестинации кои „ мора“ да се посетат.
„ Охрид, град во Македонија кој се наоѓа на брегот на Охридското езеро, е еден од вкупно 28- те места во светот кои се на листата на УНЕСКО и поради природните и поради културните богатства“, пишува Телеграф Травел.
Освен Охрид, на листата на најубави места во Европа се и Котор- Црна гора, Ровињ- Хрватска, Берат- Албанија, Монсанто- Португалија, Копривишта- Бугарија, Пиран- Словенија, како и места во Италија, Белгија, Турција, Франција.
OhridNews
http://www.telegraph.co.uk/travel/travelnews/12129402/The-30-most-beautiful-towns-in-Europe.html