Во текот на минатата недела во Република Македонија биле пријавени 3.127 случаи на грип, што претставува зголемување за 61% во однос на претходната недела. Најголемиот број заболени од грип биле на возраст од 5-14 години, информираат од Институтот за јавно здравје.
Од институтот наведуваат дека најголем број заболени се пријавени во Битола, Прилеп, Струмица, Охрид, Свети Николе и Скопје.
Се очекува континуираниот пораст на активноста на грип да продолжи и во наредните недели.
OhridNews