Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, 19 литри на метар квадратен, а најмалку, три литри на единица површина, во Демир Капија.
Како што информира УХМР, до осум часот утрово се измерени 11 литри на метар квадратен во Дебар, 9 во Охрид и Крушево, 7 во Крива Паланка и Куманово, 6 во Претор и Прилеп, 5 во Дојран и Струмица, како и 4 во Битола, Штип и Скопје-Петровец.
Температурата до 8:30 часот во Охрид била 11 степени.
Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени.
OhridNews