Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, со вклученост на општините Гевгелија, Дојран, Ресен, Крушево и Охрид на престижниот саем за туризам во Белград кој ќе се одржи на крајот на месецов.
Во рамките на саемските денови општините ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство на презентацијата која ќе се одржи на 24 февруари заедно со претставници на семејни тиквешки винарии, ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Воедно додаваат дека со максималма рационализација и оптимализирање на сите расположливи буџетски и приходни финансии успеале со македонскиот туристички сектор да биде дел од овој престижен саем, како дел од потребата за интегриран маркетинг и промотивен пристап во 2023 година.
Инаку, според податоците на АППТ во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања оствариле токму српските туристи.
OhridNews