На 27 ноември 2026 година (петок) во Охрид, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста.

Покрај нашата држава, во Процесот Брдо-Бриони учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

OhridNews