Охридскиот клуб Ребел познат по уникатните забави и квалитетна музика, најавува жешко лето со извонредни гости кои високо котираат на светските денс листи. Летното лудило започнува викендов со два исклучително добри музички настани.
Овој петок нашиот омилен бунтовник слави 3 години постоење. Од првиот бит до денес, Ребел (Rebel) не е само клуб. Тој е движење, енергија, семејство на различните, бунтовните, оригиналните. Роденденската прослава на Ребел што ќе се случи на 18 јули, ќе ја збогати извонредната македонска пејачка Дани Димитровска.
Влезот е слободен!
Во сабота, 19 јули, во Ребел гостува прекрасната тајланѓанка која живее и работи во Берлин, продуцентката и диџеј Накадија.
Вратите на клубот за настапот на Накадија се отвараат во 23 часот!
На 26 јули во Ребел гостува познатиот диџеј Кристијан Смит чии забави се прераскажуваат секаде каде што настапува.
Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на 2 Август. Денот на Републиката во Ребел ќе биде Ден на музиката. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус.
Претстојните се само дел од квалитетните музички настани што ова лето ќе се случуваат во клубот Ребел каде ќе настапат едни од најпознатите диџеи и изведувачи во светот.
OhridNews