Зад настанот стојат долгогодишни подготовки, тимска работа и институционална поддршка. Деталите ќе бидат претставени наскоро на прес-конференција.
Охрид ќе биде домаќин на IRONMAN 70.3 на 20 јуни 2027 година, најавено е во промотивната објава за настанот. Градот станува нова дестинација во меѓународната триатлонска серија, со трка која ги обединува пливањето, велосипедизмот и трчањето.
Во најавата, Охрид е претставен како дестинација каде што богатата историја, впечатливата природа и кристално чистите води се спојуваат со духот на IRONMAN.
Јоне Станкоски, член на иницијативниот и организацискиот одбор и раководител на секторот за образование, спорт, млади и невладини организации во Општина Охрид, истакнува дека зад настанот стои долгогодишна работа.
Ова не е само уште еден спортски настан! Ова е резултат на многу години труд, безброј разговори, преговори, предизвици и верба дека со вистинска визија и упорност можат да се остварат и најголемите цели, напиша Станкоски во објавата на социјалните мрежи.

Охрид го заслужува ова! Го заслужува своето место на светската спортска мапа, а ние имаме обврска да ја оправдаме довербата и да покажеме дека можеме да бидеме домаќини на настан од светски ранг, нагласува Станкоски.

Се осеќам како дете на кого сонот му се остварил, напиша Цветкоски, додавајќи дека е среќен, мотивиран и благодарен.

„Со гордост ја отворивме вратата на Македонија кон едно од најголемите и најмоќните светски спортски семејства. Ова е наш заеднички успех, заедно со Охрид и Македонија“, истакнува Цветкоски.
Форматот IRONMAN 70.3 опфаќа 1,9 километри пливање, 90 километри велосипедизам и 21,1 километар трчање. Ознаката „70.3“ ја означува вкупната должина во милји, односно приближно 113 километри.
Повеќе информации за подготовките, тимот, очекувањата и организациските детали за трката ќе бидат соопштени на официјална прес-конференција наскоро.
Г.М.













