Охридската ривиера според актуелната понуда е најевтината дестинација на холандскиот туристички пазар.


Доаѓа пролет, лето, се резервираат одмори. Првите „портокалови“ гости за брзо ќе пристигнат во Македонија. Во просечен град во северна Холандија  со околу 17.000 жители во класична туристичка агенција се нудат 8-9 дневни аранжамани за април/мај/јуни од 898, 680, 591 до 389 евра. Меѓу атрактивните и конкурентни реклами за Бразил, Флорида, Гамбиа, Аруба, Тунис, Бугарија, Албанија, Турција, Мадеира стои и името Охрид во рамка.


Агенцијата нуди многу атрактивен пакет за Охрид преку „TUI Holland International“. За 269 евра по лице (инклузивно 107 евра попуст) може да се резервира комплетен одмор на Охридската ривиера. Холанѓаните од 26-ти април можат да ја посетат Македонија во Хотел „Климетица“ 8 дена, авионски лет, сместување и доручек за 269 евра.


Во Холандија се нудат различни аранжмани и секакви одморски пакети за Македонија преку туроператорот „Корендон“, „Балкан специјалист“ „Каратанова турс“ и гигантот „Арке/Туи Холанд интернешнл“.

Владо Велјаноски
новинар на холандската телевизија НОС Студио Спорт