Прилепска судиска тројка е задолжена за делење на фудбалската правда на мечот помеѓу  Охрид – Напредок во рамките од десеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. На центарот од “Атина Бојаџи“ ќе застане Горан Спиркоски, а помошници ќе му бидат Димоски и Костоски. Четврти судија на мечот е охриѓанецот Стевче Шулески.

Спиркоски во прволигашката сезона на “рибарите“ им има “судено“ еднаш и тоа на дуелот со Металург на “Атина Бојаџи“, натпреварот заврши без победник 0-0.

Натпреварот е закажан за в сабота во 14 часот, билетите за влез чинат 100 денари.

Бочески по 15 години се враќа на “Билјанини Извори“

“Купи билет, навивај за Охрид“

Пројков : “Силно ја посакуваме победата над Напредок“

Клечкароски неизвесен за мечот со Напредок

Мх.П.