Охрид го победи Влазними со 2-0 и се врати на лидерската позиција на второлигашката табела. До втората победа во низа “рибарите“ стигнаа со автогол и погодок на играчот за врска Наум Џалески.


По 19 одиграни рунди, охриѓани се во водство со 42 бода, еден повеќе од второпласираниот 11 Октомври, осум повеќе од третопласираниот Тиквеш.

Во наредното коло избраниците на Зоран Ѓорески на СРЦ “Атина Бојаџи“ во супер дербито ја пречекуваат екипата на 11 Октомври.

Ohridnews