Фудбалски ветерани од Охрид и Дебрца вчера одиграа натпревар во знак на сеќавање на познатиот фудбалер, тренер и спортски работник Драге Илчески – Челик (1960 – 2020).

Меморијалниот меч, што се одржа по втор пат, се одигра во спортската сала „Климент Колески“, а настапија познати фудбалски имиња од Охрид и Дебрца.

Драге Илчески – Челик во играчката кариера настапуваше за ФК Илинден, ФК Бетон и ФК Охрид. Како тренер ја предводеше екипата на ФК Илинден со која се пласира Втората македонска лига и стигна со полуфиналето од Купот на Македонија.

Г.М.