Голем број охриѓани и гости, одлучија топлото и сончево  време да го искористат за прошетка покрај Охридското Eзеро или пак за кафе муабет во некое од бројните кафулиња .


Дел од нив се одлучија и за прошетка со чамец по езерото, а за голем број граѓани доволно беше да се ужива во прекрасната  глетка пред себе и сончевите зраци, седејќи на некоја од  клупите во градскиот парк.


Сончевото и потопло време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Максималната температура ќе се искачи до 11 степен Целзиусов, додека пак минималната ќе се движи околу вториот степен над нулата.

OhridNews