Претставници на швајцарската фирма „Ервин- шпед“ од Сент Гален предводени од Едвин Лео Руег – вљубеник во Охрид, вчера остварија средба со соработниците на градоначалникот Петрески. На средбата гостите од Швајцарија ја изнеле определбата и во иднина да да му помагаат на Охрид со донирање на разни наменски возила за потребите на јавните претпријатија и противпожарната единица.
Како дел од најавената помош, неодамна швајцарските донатори на општина Охрид и предадоа повеќенаменско возило со кое ќе стопанисува јавното комунално претпријатие.











