Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска оствари работна средба со представници на меѓународниот саем на вино „Жупска Берба“ од Александровац, Република Србија. Делегацијата предводена од Југослав Стајковец, директор на меѓународниот саем за вино, му ја честиташе функцијата на Градоначалникот Бакрачески со желба меѓусебната соработка помеѓу двата градови во иднина да се издигне на повисоко ниво.
Градоначалникот на Охрид, Бакрачески го прифати ваквиот предлог со заеднички заклучок дека партнерските односи на меѓусебна соработка ќе овозможат бенефит во поголем број на стопански дејности: туризам, локален развој, заеднички настап пред странски партнери, трговија и размена на искуства.
Во таа насока беше договорено Охрид да стане партнер на градот Александровац во реализацијата на годинешниот меѓународен саем на вино, Жупа 2013.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com