Скапуваат делата на светски познати уметници зошто нема доволен простор сите да се изложат
На вечен заборав се осудени најубавите уметнички дела кои по затворањето на некоја ликовна изложба на подарок ги добива Охрид. Непостоењето на професионална градска галерија е причината поради која илјадниците уметнички слики завршуваат во депото на националната установа “Завод и музеј“ од Охрид. На рафтовите од музејското депо се дела на светски познати уметници а од македонските тука се делата на Вангел Коџоман, Никола Мартиновски, Лазар Личеновски, потоа Васко Ташковски Кирил Урдин, Стефан Хаџи Николов и многу други. Сите тие слики и оние кои допрва ќе се изложуваат ќе мечтаат по светлината на денот.
Во Охрид има два изложбени простори: во ЦК “Григор Прличев“ и во куќата на Робевци, но тие се претесни за да ги соберат и да овозможат добра прегледност за многуте уметнички дела со кои располага музејот.
-Овој простор не е доволен и никогаш не бил доволен за излагање. Посебно можам да се осврнам на куќата на Робевци која функционира во рамки на музејот. Ние имаме огромни колекции како на современи слики така и археолошко- етнолошки артефакти , византиски предмети и икони. Најчесто изложуваме само мал дел од нив, просторно сме ограничени да ги покажеме сите. Потребна е современа галерија која ќе одговара на модерните галериски тенденции, вели кустосот во охридскиот Завод и Музеј, Никола Николовски, истакнувајќи дека повеќе пати било апелирано до локалната и централната власт да го разгледаат прашањето кое се однесува на професионална галерија. Но и едните и другите биле слепи и глуви за решавање на неколку деценискиот проблем.
-Во мојов 30 годишен работен стаж до денес, ниедна Власт не презела ништо во однос на потребата, Охрид да добие градска галерија. Навистина се преземаат многу проекти во поглед на заштита на цркви, фреско живописи и икони, но јас не верувам дека во блиска иднина некој ќе се заинтересира околу создавањето на модерна галерија која му е неопходна на туристички центар како што е Охрид, додава Николовски.
Постоењето на голема градска галерија би овозможило пулсирање на ликовниот живот во градов не само за време на летниот период туку и во зима.
Првото новороденче во Струга е девојче Мајката која е од Мислешево на свет го донесе бебето утринава во 7 часот и 20 минути Бебето е тешко 4200 грама, а породувањето беше спонтано И мајката и бебет...
Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани, стои во објавата на Фејсбук Во случ...
Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година Како што информираат од Министерството за образование и наука п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.