Охрид оваа година по петти пат ќе биде домаќин на Охридскиот хорски фестивал што се одржува во организација на
Охридскиот хор.
Фестивалот почнува на 23.08.2012
(четврток), а ќе трае до 27.08.2012 (понеделник). На фестивалот се
пријавени да учествуваат 42 хорови од 16 земји.
Охридскиот хорски фестивал има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку
категории. Пријавените хорови ќе се претстават во склоп на
натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк
концертите.
Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани уметници од Словенија, Македонија, Полска, Бугарија и Хрватска.
Концертите во склоп на фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала
на Инекс хотел Горица и Црквата Св. Софија, а во состав на отворањето
хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.
Влезот е слободен.












