– Преку користењето на ова катче охриѓани ќе бидат во тек со сите случувања во рамки на Европската унија. Со отворањето на Инфо точката се направи спој меѓу граѓаните на Охрид и случувањата во ЕУ, рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој најави дека во иднина, во соработка со канцеларијата на ЕУ, ќе бидат реализирани повеќе проекти.
Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Мариет Шурман изрази задоволство што токму на одбележувањето на Денот на Европа, присуствува на отворањето на ЕУ Инфо катчето во Охрид.
– Како претставник на земја од Европската унија се надевам дека со користење на информациите граѓани ќе бидат поинформирани околу случувањата во ЕУ, за тоа како граѓаните во ЕУ живеат , ќе знаат повеќе за нивните потреби,процесот на интеграцијата, патувањата, бројнит епроекти, рече амбасадорката Шурман.
Амбасадорот на Кралството Шведска, Ларс Вахлунд, изрази надеж дека охриѓани што почесто ќе ги користат информациите од Инфо точката.
– Сега Охрид е поблиску до Европа. Многу е добро да се има вакво катче во градот. Сепак зависи од граѓаните колку ќе го користат, бидејќи самото катче нема значење доколку често не се користи од граѓаните, потенцира Вахлунд.
По повод 9- ти мај, попладнево, бројни активности се одржаа и на градскиот плоштад, каде се одржа и ликовна работилница на која учествуваа учениците од училиштата во Охрид.
Бројните присутни на пригодната свеченост ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески.
– Древниот Охрид е вистинско место од каде може да се упатат пораки за чување на цивилизациските вредности, како темел на развојот на современите демократски процеси. Низ вековите Охрид бил крстосница на цивилизациите и еден од столбовите на развој на општочовечките принципи. Токму затоа сме убедени дека охридските длабоки и цврсти духовни и културни корени ќе бидат дополнителен заеднички предизвик за убрзување на процесот за влез на РМ во големото европско семејство, рече градоначалникот Бакрачески.
На свеченоста, настап имаа хорот при ОСУ “Св. Климент Охридски” кој ја изведе “Одата на радоста” и “Химната на Македонија”, а се претставија и КУД “Ѓердан“, ученици од училиштата во Охрид со музички точки, КУД “Охриѓанка“.