Обилните врнежи од снег што го зафатија Охрид изминативе неколку часови, го отежнаа движењето низ градските улици и тротоари. Снежните наноси кај едни предизвикаа паника, кај многумина воодушевување.


снегот ги затрупа возилата во градот

Под тежината на снежните наноси, утрово се скрши голема гранка од дрвото пред поштата. За среќа, повредени нема.


скршеното дрво во центарот на градот

Екипите на охридското јавно претрпијатие „Комуналец“, се мобилизирани уште од раните утрински часови, чистејќи го снегот од лизгавите тротоари. Со рачна и со специјална механизација се отстрануваа снежните наноси во сите делови од градот.


мобилизираните екипи на „Комуналец“

Завеани и новогодишните тезги, на кои наскоро ќе се продаваат новогодишни украси, а тежината на снегот не ја издржаа и дел од поставените тенди во чаршијата.


попуштија и новите тезги кај чинарот

Оние најкреативните во старата охридска чаршија, покрај чистењето, успеаа да направат и по некој „снешко“. Интересна е сликата во центарот, каде спомениците си добија снежни бели капи и шалови.


најкреативните во охридската чаршија


првоборците во ново руво

O.T.