Врнежи од снег вечерва го зафатија охридско – струшкиот регион. Покрај врнежи од снег во Охрид има и магла, што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, планинскиот премин Стража и Струга-Ќафасан.

На патниот правец Демир Капија – Удово кај тунелите на Демир Капија се изведуваат градежни работи на пат. АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

OhridNews