Oхрид подготвен за дочек на Новата година на градскиот плоштад
31.12.25 09:39
Охриѓани и гостите кои вечерва ќе се одлучат Новата 2026 година да ја дочекаат на градскиот плоштад ќе може да уживаат во богата програма која ја подготви Општина Охрид во рамки на „Охридска новогодишна приказна“.
Денската програмата започнува со детската театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“ во изведба на Детско драмско студио „Ден и нок“ со почеток во 12:30 часот. Во 14:00 часот ќе почне концертот на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ -„Златни 80-ти“, под ментроство на проф. Љупчо Аслимоски. Програмата ќе биде заокружена со настап на DJ Ace во 15:30 часот со што ќе започне и загревањето на атмосферата за дочекот на Градскиот плоштад.
Од 20 часот следува музички перформанс на DJ Yuxell, со кој официјално започнува вечерната новогодишна програма.
Охридскиот музички ас Ѓоко Танески ќе настапи од 21 часот, по него од 22:20 часот охридската фолк икона Ефто Пупиноски, како и македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски од 23:45 часот. Забавата ќе продолжи и по полноќ со сетот на DJ Bagzi од 01:15 часот.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски...
Викендов беа одиграни натпреварите од третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“ Третото...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.