На ден пред најлудата ноќ, охридските хотели и капацитетите во приватното сместување се речиси целосно исполнети. Најмногу гости за дочекот на Нова година ќе има од соседството, пред се од Србија и Бугарија, но и од Црна Гора, Косово, Грција, а помали групи туристи се очекуваат од Полска.

Цените на аранжманите варираат во зависност од понудата и се движат до 160 евра за неколкудневен аранжман  со вклучен дочек на Новата година. Најголем дел од угостителските објекти на ривиерата имаат специјална понуда за новогодишната ноќ, а има и такви што вечерта на 31ви ќе ја работат со стандардна понуда на принципот на резервација. Рестораните и кафетериите во градот се целосно исполнети и се бара маса повеќе.

Охриѓани, пак, во најголем дел Новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера. На ова укажуваат и резултатите од анкетата што на оваа тема изминатиот период ја спроведе OhridNews.

Охриѓани, како и гостите за Нова година ќе може да уживаат во програмата на отворено, што ја подготви општината на градскиот плоштад, каде ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески и Евто Пупиноски.

OhridNews

Нова анкета: 2020 година во Македонија ќе биде?