Поради дефект во електро системот, од 22.30 часот Охрид и околината околу половина час беа без напојување со електрична енергија.

Проблеми со напојувањето со електрична енергија вечерва има и во гостиварско каде без струја се голем број села, кавадаречко, Зајас, како и Македонски Брод, каде без струја е целиот град, информираат од ЕВН. Екипи на компанијата се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Македонија вечерва ја зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег, кое предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

OhridNews