Охриѓани масовно се одзваа на апелите за помош на населението во погодените подррачја од големите поплави во Србија и БиХ. Во организација на Црвениот крст и локалната самоуправа во градот се отворени пунктови каде охриѓани можат да донираат облека, намирници и потребни средства за настраданите, а граѓаните се организираат и самоиницијативно.
Најголемиот автопревозник АД „Галеб“ вчера испрати еден автобус со помош која ја собраа охриѓани. Помошта како што информираа од „Галеб“ ќе биде дистрибуирана во поплавените подрачја во Србија. Од компанијата најавија дека веќе се планира и втор автобус со хуманитарна помош од Охрид, а кон акцијата покрај граѓаните ќе се приклучат и хуманитарни организации од општината.
Помош за погодените подрачја од поплавите во Србија и БиХ, организирано се собира во сите градови во државата, а отворени се и телефонски линии за донации 143 400 на мобилните оператори Т- Home, One и Vip.
OhridNews
Охриѓани се организираат за помош на настраданите во Србија и БиХ
Отворени пунктовите за помош на Србија и БиХ-охриѓани донирајте!