Брегалница го победи Охрид со 3-1 и во четвртата рунда ја забележа првата победа во домашниот шампионат, нанесувајќи им го вториот пораз на “белите“.


Домаќините не оставија ништо на случајност и уште во десеттата минута дојдоа во предност преку Велковски. Охриѓани се ослободија од притискот и во финишот на првиот дел преку Далчески изедначија на 1-1.

Домашните по еден час игра повторно дојдоа во предност, а прецизен беше Вучетиќ по кардиналната грешка на голманот Карамачоски

Охриѓани имаа можност резултатски да се вратат во мечот но јунакот од мечот со Силекс, Клечкароски не усепа да реализира удар од белата точка.

Гостите осоколени по ова промашување тргнаа офанзивно и на десет минути пред крајот конечните 3-1 ги постави Велинов.

По четири одиграни кола, Охрид со четири освоени бода ќе падне на деветта позиција. Во наредното коло во Охрид доаѓа скопски Вардар

М.П.