Пораз за охридските ракометари во дерби мечот од ракометната прва лига на домашен терен со 22-33 (8-16) од Зомимак. Мечот кој се одигра пред 3 илјади гледачи во арената “Билјанини Извори“, го доби подобрата гостинска екипа, која знаеше да ги казни сите пропусти во играта на охридскиот состав.

Рамноправно се играше само во првите десетина минути кога одржувавме резултатска неизвеснот. Гостите полека се одлепуваа, а Андоновски се обиде со промена на одбрната да ги задржи корпулентните Караиванов и Милосавлевиќ.


Немаа свој ден охридските голмани, тешко стигнуваа “белите“ до чисти ситуации, а и тогаш неуспеваа да го совладаа одличниот Стојаноски на голот, кој покрај 11 интервенции успеа еднаш и да се запише во листата на стрелци.

Со двојно поголема предност, “зелените“ заминаа на одмор, кој пак се покажа добредојден за домашните кои на стартот на вториот дел со серијата погодоци на Андоновски успеаа да дојдат на минус шест.


Но гостите не дозволија изненадување, ја презедоа иницијативата, а “белите“ и покрај желбата немаа сили за нешто повеќе. Соколов со 8 постигнати гола беше најефикасен , Тренечески и МИлосавлевиќ постигнаа по шест, Караиванов 4.

Кај домаќините кои го претпреија првиот пораз на домашен терен Андоновски беше најефикасен со 8, Томовски постигна 6,  Николоски 4 гола.

М.П.