„Охрид пред се“ денес ја поднесе својата независна листа на кандидати за советници во Советот на општина Охрид. Носител на листата е Димитар Велјаноски.

„Охрид пред се“ е нов субјект на македонската политичка сцена кој за првпат со своја независна листа за членови на советот на општина Охрид ќе настапи на претстојните локални избори.

Во изминативе неколку месеци заедно со голем број Охриѓани ги дефинираме нашите основни програмски определби. Општиот интерес да биде секогаш пред личниот и партискиот, квалитетно управување со човечкиот потенцијал, рационално и транспарентно управување со општинскиот буџет, поголема посветеност и стручност при палицирање за финансирање од европските фондови, поефикасна соработка со бизнис заедницата, подобра инфраструктура, поквалитетно и деполитизирано образование, зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, култура во текот на целата година, развој на училишниот и младинскиот спорт, поефикасна соработка со невладиниот сектор, поголема грижа за ранливите категории, поголема грижа за старите и изнемоштените лица и заштита на животната средина, истакна на денешниот прес, Леона Кичеец, кандидат за советник од „Охрид пред се“.

„Охрид пред се“ е предвесник на неминовната демократизација на заробеното македонско општество кое со години е заложник на партикратијата, клиентелизмот и клептократијата, додава Кичеец.

Н.С.Ј.