Ракометарите на Охрид ја оправдаа фаворитската улога и во реванш натпреварот со азербејџанскиот претставник Баки што се одигра во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во салата „Билјанини извори“, Охрид забележа уште една убедлива победа, овој пат 38:21.

На овој натпревар шанса добија младите надежи на ГРК Охрид, голманот Крстевски, левото крило Пупунцоски и левиот бек Трајчески, кои одлично се снајдоа на теренот. Домаќинот водеше во текот на целиот меч, кој беше исполнет со атрактивни потези и добра игра што беше поздравено од публиката.

Статистика ГРК Охрид: Стрмљан, Кукуловски 7, Пупунцоски 1, Крстевски, Шипинкоски 7, Трајчески 5, Ристески 2, Тасески, Моралес, Савревски 9, Лиапис, Блажески, Бојаниќ 2, Петриќ 5, Џукиќ, Ѓорѓески.

Противникот на Охрид во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе биде познат на 21 октомври.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска