Ракометарите на Охрид го совладаа Еурофарм Пелистер 26:19 во први.от полуфинален натпрвар од Купот на Македонија на Ф4 турнирот што се игра во Струмица и за прв пат во историјата на клубот ќе се борат за драгоцениот трофеј.
Избраниците на Борис Ројевиќ доминираа во текот на целиот натпревар, покажаа и повеќе желба и сосема заслужено обезбедија пласман во финалето.
Противник на „гладијаторите“ во финалето од Купот на Македонија ќе биде подобриот од дуелот Алкалоид – Вардар 1961 што се игра вечерва, исто така во Струмица.
Г.М.













