Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат на комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, иницијатор на номинацијата, вели дека Проектот е подржан од страна на македонските и албанските власти, како на локално и централно ниво.
– Проектот сега влегува во фаза кога заедно со УНЕСКО ќе треба да ја подготвиме номинацијата, со очекување истиот да биде прогласен како заштитен биосферен резерват на УНЕСКО. Нашата цел е преку прогласувањето резерватот да ги заштити природните реткости во своите граници, но и да промовира нови туристички вредности на Охрид и Преспа, како и вредности што ќе придонесат за негов економски развој, вели Пановски.
Најавува дека паралелно со процесот на прогласувањето на регионот за биосферен резерват, ќе продолжат и активностите за развој по зони, односно со утврдување на деловите на резерватот што ќе бидат прогласени за урбани како и зоните што ќе бидат под целосна заштита. Тоа значи дека се она што се јавува како заштитено подрачје во регионот , истото ќе биде ставено под капа на УНЕСКО.
Апликацијата што ќе биде подготвена за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Охрид – Преспа, ќе биде испратена во УНЕСКО и МАБ-комитетот од проектот на „Човек-биосфера“ на УНЕСКО, од каде се очекува позитивен одговор и прогласување на регионот за заштитен биосферен резерват. Од моментот на прогласување на регионот за прекуграничен биосферен резерват се очекува почеток на реализација на серија проекти насочени кон унапредување на резерватот и негова туристичка промоција. Самото статусот – биосферен резерват заштитен од УНЕСКО овозможува формирање соодветни финансиски инструменти насочени кон негов оджлив развој.
На работилницата учествуваат околу 200 учесници, меѓу кои владини претставници, претставници на меѓународни и невладини организации и останати заинтересирани субјекти.