На македонскиот штанд покрај туристичката понуда, беа промовирани и македонски вина од повеќе винарии. Туристичките работници од Охрид, изразија задоволство од зголемениот интерес на холанските посетители на македонскиот штанд, што се должи и на ангажманот на холандските партнерски тур-оператори, посебно на „Корендон“ и „ТУИ“.
За време на одржување на саемот, раководителот на Секторот за ТЛЕР, Гоце Симоноски и претставниците на повеќе хотели,ресторани и туристички агенции од градов, остварија разговори со претставници на познати холандски туроператори.
При тоа, договорени се повеќе промотивни активности за холандските туроператори и медиуми кои ќе се одржат годинава во Охрид.