Охрид и Македонија, од 6- ти до 10- ти март , беа презентирани на еден од најголемите светски туристички саеми, во Берлин, Сојузна Република Германија.

На саемот присустуваа над 200 илјади посетители, а учестуваа  повеќе од 10 илјади излагачи од целиот свет.

Општина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, на својот штанд покрај своите автентични вредности, во соработка со повеќе балкански туроператори и партнери, промовираше регионален пристап во привлекувањето на потенцијалните гости. Со тоа Охрид се најде на повеќето туристички мапи кои промовираат културен, религиски и еко туризам.

Покрај големата посетеност и остварени бројни контакти, Охрид и Македонија најдоа посебно место во германскте медиуми, а беше реализирана и кратка телевизиска сторија за продукциската куќа ФМ Медиа.

OhridNews