Охрид презентиран на Меѓународниот саем за туризам во Белград
22.02.25 15:15
Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.
Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претстави својата богата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.
Градоначалникот, Кирил Пецаков оствари средба со Весна Видовиќ, заменик градоначалник на градот Белград, на која се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот и заедничките иницијативи за привлекување повеќе туристи. Исто така, беше остварена средба и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, кој го посети штандот на Општина Охрид.
Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која беа остварени средби со голем број туристички работници од Србија и регионот.
Слоганот на овогодинашното издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград е „Една мапа, безброј светови“. На саемот зедоа учество околу 400 излагачи, меѓу кои водечки туристички агенции, хотели, воздухопловни компании, туристички центри и меѓународни тур-оператори.
Позади нас е натпреварот со двократниот европски шампион Вардар кој е прв фаворит за освојување на домашното првенство оваа сезона За жал, не успеавме да извојуваме победа на тој натпревар, но, мис...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кленоец“ и „Српница“, инфрмираат од ЈП Водовод Охрид Екипи на претпријатието...
Охридските каратисти од карате клубовите „Кун-су-то” и „Чоле” во периодот од 04 до 07122025 ќе се натпреваруваат на престижната Младинска лига која се одржува во Венеција – Италиј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.