Охрид презентиран на Меѓународниот саем за туризам во Белград
22.02.25 15:15
Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.
Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претстави својата богата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.
Градоначалникот, Кирил Пецаков оствари средба со Весна Видовиќ, заменик градоначалник на градот Белград, на која се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот и заедничките иницијативи за привлекување повеќе туристи. Исто така, беше остварена средба и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, кој го посети штандот на Општина Охрид.
Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која беа остварени средби со голем број туристички работници од Србија и регионот.
Слоганот на овогодинашното издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград е „Една мапа, безброј светови“. На саемот зедоа учество околу 400 излагачи, меѓу кои водечки туристички агенции, хотели, воздухопловни компании, туристички центри и меѓународни тур-оператори.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно...
Фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одржи во Спортскиот центар „Kлимент Колески“ во Охрид во организација на „Sport Brothers“ Турнирот ќе започне на 14 февруари, а завршните натпревари ќ...
Новоформираното Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“ заедно со концесионeрот на рекреативната риболовна зона „Охридско Езеро“ Питон од среда, 28012026 год, ќе почне со издавање дозв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.