Македонската кошаркарска репрезентација дел од подготовките за Европското првенство ќе ги мине покрај Охридското езеро.


Репрезентативците во Охрид од 7 до 9 август ќе одиграат мини турнир со четири селекции. Селекциите на Израел и Украина го имаат потврдено учеството, а се уште се чека четвртата воедно и последна селекција.

Два дена после турнирот во спортската арена „Билјанини Извори“ кошаркарите предводени од селекторот Александар Џикиќ ќе одиграат контролен натпревар против репрезентацијата на Словенија.

Откако ќе заминат од Охрид, македонските кошаркари ќе имаат тест средба со Венецуела во Гевгелија, а потоа ќе сретнат и со Шпанија во Логроњо.

24-от континентален собир на најдобрите кошаркари ќе се одржи во четири земји Хрватска, Латвија, Германија и Франција.

Македонската селекција се наоѓа во Ц групата заедно со Хрватска, Холандија, Грузија, Грција и Словенија.

Мх.П.