Охридскиот фудбалски клуб денеска со почеток во 17 часот и 30 минути на СРЦ „Билјанини Извори“ против составот на Струга Трим Лум ќе одигра нова контролна средба во подготвителниот период. Локалното дерби ќе се игра без публика поради ситуацијата со коронавирусот.

Дуелот со стружани за „рибарите“ ќе биде нова можност за испитување на квалитетот и силите во пресрет новата сезона во Втората лига, додека „црвено белите“ во Охрид ја играат генералката пред почетокот на прволигашките возбудувања.

Избраниците на Драган Бочески во подготвителните натпревари претрпеа порази од Македонија Ѓорче Петров (1-2), Работнички (1-2) и Пелистер (0-4). Екипата на Струга Трим Лум славеше против Шкупи (2-1), Дрита (2-0), а ремизираше со Ренова (1-1) и Македонија ЃП (0-0).

OhridNews