Фудбалерите на Охрид од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига, откако ја осигураа првата позиција и шампионската титула во Третата МФЛ југо-запад.

„Сино белите“ со ремито 2-2 на гостувањето во Ресен кај тимот на Преспа и теоретски го обезбедија првото место и билетот кој води ранг погоре, односно во Втората МФЛ.

До крајот на третолигашкиот шампионат има уште шест рунди, а после промоцијата на Охрид на шампион и нов член второлигаш во фокусот останува борбата за опстанок.

OhridNews