Ракометарите на Охрид водат со 13-10 против Радовиш на полувремето од мечот од ракометната Прва лига.


Најпрецизни во првиот дел во охридскиот тим се Трифуноски и Николовски со по четири постигнати гола. По два имаат Томоски и Андоновски, додека еднаш мрежата на гостите ја затресе Митрески. На голот Пецаков имаше седум успешни одбрани.

Кај гостите најпрецизен е Конузлов со 4 постигнати гола.