Надојденото езеро и силните бранови предизвикаа оштетување на делови од крајбрежјето. На удар е и магистралниот пат Охрид – Св. Наум и населените места на источното и западното крајбрежје, а екипи на Дирекцијата за заштита и спасување поставија вреќи со песок на повеќе критични места во центарот на Охрид, Пештани, Калишта и Радожда.
Според управата за хидрометеоролошки работи во наредните денови се очекуваат врнежи од дожд, кои ќе влијаат на покачувањето на нивото на езерото. Тоа во изминатите три дена е непроменето и е на +24 см од максималната утврдена граница.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com