Охрид претпре убедлив пораз од 3-1 на гостувањето кај 11 Октомври и на три кола до крајот е се поблиску до испаѓање од лигата.


Домаќините дојдоа во предност со голот на Гешовски во првиот дел, на стартот на вториот дел зголеми Мирчески, а третио гол беше автогол на Џалески. Во финишот на мечот со првиот гол сезонава Томесвки намали на 3-1.

По овој пораз охриѓани се најдоа на 11 место, со два бода помалку од Тетекс кој загуби од Турново со 2-1.

Во наредното коло, Охрид на домашен терен го пречекува Работнички.

М.П.