Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти одговорни за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што денес ќе се одржи во хотелот „Амбасадор“ кај Подмољје.

Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.

На состанокот ќе бидат присутни претставници од Полициските станици за безбедност на патниот сообракај, на јавните претпријатија и на локалната самоуправа од сите градови кои се под надлежност на СВР Охрид.

OhridNews