Македонија и Охрид ќе се претстават на туристичкиот саем во Белград што трае до 29 април. Македонската туристичка понуда во која ќе доминира пропаганден матерјал за Охрид, ќе биде претставена на штанд од 45 метри квадратни.

Минатата година охридската ривиера ја посетија голем број Срби, поради што саемот во Белград се смета за мошне значаен за задржување на таквиот тренд. Акцент според најавите на хотелиерите ќе биде ставен на контакти во туристички агенции од соседството од каде Охрид годинава очекува најголем број туристи.

Минатата година Македонија ја посетиле 499.113 туристи, остварени се 1.917.395 ноќевања, и вкупен промет од 96 милиони долари. Статистиката покажува дека  најголем дел од туритите го посетиле Охрид, а најголемиот процент од нив сепак отпаѓа на домашните гости.

И покрај најавите дека ќе биде готова и годинава Македонија ја дочекува летната сезона без Национална стратегија за развој на туризмот. Владата најави дека стратегијата која треба да ги дефинира приоритетите на идниот равој на туризмот е во изработка и дека наскоро ќе биде промовирана.

Г.М