Граѓани, носители на јавни функции, познати личности, на социјалните мрежи се простуваат од Никола Матлиески Пашата, поранешен градоначалник на Општина Охрид, кој почина во саботата на 89 годишна возраст.

 

Неговото заминување е голема загуба за нашиот град и знам дека неговите придонеси никогаш нема да бидат заборавени, напиша на Фејсбук актуелниот градоначалник на Општина Охрид Кирил Пецаков.

Никола Матлиоски – Пашата беше вистински водач на Охрид, кој го посвети својот живот на јавна служба. Тој беше личност со голем интегритет, мудрост и добрина, а неговото наследство ќе продолжи да ги инспирира генерациите што доаѓаат. Неговата работа како градоначалник имаше големо влијание врз општината, а неговото заминување е голема загуба за сите оние кои го познаваа.-истакна Пецаков.

OhridNews